„Русија не се меша во македонската политичка криза и повикува на зачувување на единството на земјата и на нејзиниот уставен поредок“, изјави постојаниот руски претставник во Европската унија Владимир Чизов на прес конференција во Брисел, додавајќи: „Според мое мислење неопходни се нови избори како излез на земјата од кризата. Но, на нив е да решат кога и како да се одржат тие избори“.