Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, дојде на денешното судење за „Шамарите за Жерновски“. Тој е во придружба на владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев. Груевски влезе во судот од службениот влез, веднаш по судијката Татјана Михајлова. Присутен е и градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски, и советници од коалицијата предводена од СДСМ, како оштетени.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
На Груевски му се суди оти поттикнувал насилство и нарачувал шамари за градоначалникот на општината Андреј Жерновски. Освен него, обвинети се и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и пратеничката Даниела Рангелова и уште 11 други луѓе.