Пронајдена импровизирана плинска бомба во Собранието

Oколу 17.30 часот, началникот на обезбедувањето на Собранието во полиција пријавил дека во ходник на првиот кат во законодавниот дом e пронaјдена импровизирана експлозивна направа. Според неофицијалните информации, направата е петрада со фитил кој бил врзан на голема плинска боца за полнење на запалки. Од МВР, за телевизија 24 вести потврдиле дека е пронајдена таква направа и дека се работи на целосно расчистување на случајот.