При судирите на демонстрантите и полицијата во Франција еден француски полицаец е сериозно изгорен а двајца други се ранети. Судирите настанаа на првомајскиот протест кога дел од демонстрантите фрлија молотови коктели кон полицијата која возврати со солзавец и шок бомби. Насилството во францускиот главен град доаѓа на само една недела пред оддржувањето на вториот круг од претседателските избори каде што гласачите ќе треба да бираат меѓу радискалната десничарка Марин Лепен и центристот Емануел Макрон.