Македонија треба да се движи во насока на стабилност и да се прифати реалноста а тоа е изборот на претседателот на Собранието кој треба да биде подржан и од оние кои го оспоруваат зашто неговиот избор е направен на легален и легитимен начин.
Ова го изјави претседателот на ДУИ Али Ахмети, пренесувајќи ја пораката на заменик помошникот секретар на САД за Европа и Евроазија Брајан Хојт Ји по нивната средата што попладнето се одржа во американската резиденција во населбата Бардовци.
Тој вели дека процесите треба да се одвиваат на вистински начин како и дека како партија се решени да продолжат со процесот на конституирање на нова влада.
" По се ова што се случи во Парламентот крајно време е сите да се свестат дека земјата оди во негативен правец и да се прифати новата реалност односно новиот претеседател на Собранието", рече Ахмети.
Aхмети се заблагодари до меѓународната заедница на поддршката за Талат Џафери.
"Треба да се вратиме на остварување на целосно градење на институциите и ќе треба да комуницираме и натака со САД.
Министерството за внатрешни работи и министерот Нухиу имаат целосна поддршка од ДУИ и зад него стојат политичките партии и нема логика тој да се повлече од функцијата", изјави Ахмети.