РФЕ/РЛ бара темелна истрага и безбедност за новинарите

Претседателот на РФЕ/РЛ, Томас Кент денеска ги повика македонските власти да спроведат темелна истрага за случувањата во Парламентот откако репортер на македонскиот сервис беше нападнат од група на демонстранти. Истрагата, како што наведува Кент, е со цел да се осигура дека насилството врз новинарите нема да помине неказнето и дека сите новинари ќе можат безбедно да ја вршат својата работа.

На репортерот Зорана Гаџовска Спасовска и беше одземена и уништена опремата за работа, а беше удрена и зад грб. Репортерот Фросина Димеска и снимателот Горан Стефановиќ се наоѓаа во Парламентот кога демонстрантите упаднаа во зградата. Американската амбасада во Македонија најсилно го осуди насилството, а шефицата за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини посочи дека настаните биле загрижувачки.