Кардула – Тотална негрижа од државата за лицата со посебни потреби

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Кај нас нема официјална бројка на лица со посебни потреби, ниту знаеме за каква попреченост зборуваме, ниту за старосна структура, ниту дали тие деца или лица се вклучени во општеството, дали се во градинка, дали се во училиште, дали се во специјално училиште итн. Со оглед на тоа што државата нема никаква евиденција, не може ни да има стратегија за помош на оваа популација, вели Доминика Кардула, активистка за правата на лицата со посебни потреби и мајка на дете со посебни потреби, во неделното интервју на Радио Слободна Европа.