Руското МНР бара да прекине надворешниот притисок врз Македонија

Руското знаме.

Руското министерство за надворешни работи денеска повика да биде прекинат надворешниот притисок врз Македонија и да им се овозможи на одговорните политички сили во земјата, како што наведуваат, сами да го определат натамошниот развој.

Од министерството соопштуваат дека вчера, опозицијата во Македонија, заобиколувајќи ја вообичаената постапка, избрала претседател на Парламентот. Во знак на протест, според министерството, активисти од движењето „За обединета Македонија" упаднале во зградата на парламентот во Скопје и предизвикале немири.

„Во сегашнава ситуација може да биде најдено соодветно решение само преку внатрешно-македонски дијалог во рамките на уставно-правната област“, наведуваат од руското МНР.