Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг соопшти дека бил шокиран од насилството во македонскиот парламент и ги повика сите страни на дијалог и почитување на демократските процеси. „Сите страни да се ангажираат во дијалог, а не насилство“, напиша Столтенберг на Твитер. Во нередите по упадот на демонстрантите беа повредени неколкумина пратеници.