Амбасада на САД со осуда за насилството во Собранието

Реакција на амбасадата на САД во Скопје на социјалните мрежи за нападите во Собранието

Американската амбасада во Македонија најостро ги осуди насилните напади во Собранието и порача дека насилството не е во согласност со демократијата и не е прифатлив начин да се решат разликите.

Во реакцијата на амбасадата на САД се потенцира дека е критично сите партии да ги почитуваат демократските процеси и да се воздржат од насилни активности кои ја влошуваат ситуацијата.

САД потенцираат дека ќе работат заедно со новоизбраниот спикер на Парламентот Талат Џафери за да се поддржи демократијата, што е во интерес на Македонија.