Иванов повика на смиреност и на лидерска

Претседателот Ѓорге Иванов по настаните во Собранието повика на смиреност. Тој во своето обраќање од претседателската вила, предмалку рече дека проблемите мора да си ги решиме сами, оти, како што вели, никој однадвор нема да ги реши. Иванов вели дека проблемите треба да се решаваат во согласност со државните интереси. Тој ги повика политичките лидери утре во својот кабинет на средба за да најдат излез од настанатата ситуација.