Новинарка на Радио Слободна Европа е нападната во Собранието, а уништена е и редакциската камера, со која новинарката си ја извршувал службената должност.
Вработен во државна институција и приврзаник на ВМРО-ДПМНЕ (добро познат на редакцијата) првин ја одзел камерата од новинарот на РСЕ, а потоа ја скршил. Кога новинарката прашала - зошто? Тој одговорил дека немало никаква камера.
Додека траело тоа, некој од демонстрантите ја удрил новинарката од зад грб. И други новинари кои ги следеа настаните во Собранието, биле нападнати, а новинарската опрема уништувана.