Заев со раскрвавено чело во Собранието

Претседателот на СДСМ Зоран Заев и потпретседателот Дамјан Манчевски се повредени, откако дел од демонстрантите од иницијативата „За заедничка Македонија“ упаднаа во прес-салата на Собранието и ги нападнаа. Дел од телевизиските камери го прикажаа Заев со крваво чело. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ се во пленарната сала која е полна со демонстранти. Телефонските и интернет врски во Собранието се со пречки.