Пратениците од парламентарното мнозинство во тензична атмосфера го изгласаа Талат Џафери за претседател на Собранието. Додека тие гласаа, пратеницте од ВМРО-ДПМНЕ извикуваа „ова е пуч“, а потоа ја пее македонската химна, извикуваа и „срамота“. Тие ја окупираа говорницата, па изборот на претседател се изведуваше на среде сала. Пратеници му честита на Џафери за изборот за претседател, по што тој положува заклетва.