Врховниот суд без конкретна одлука за „бомбите“ и за Кочан

Влезот во зградата на Врховен суд на Република Македонија.

Врховниот суд денеска не одлучуваше за тоа дали „бомбите“ ќе може да се користат како докази во судска постапка, но за мерката притвор на осомничениот Сеад Кочан ќе одлучува нов судски совет е заклучокот од третото продолжение на општата седница на Врховниот суд. Ова значи дека Врховниот суд не зазема начелен став по овие прашања и дека повторно ќе дискутира за нив.

Недонесувањето на начелен став на Врховниот суд за прашањето дали ОЈО ќе има ексклузивно право да поднесува барање за заштита на законитоста ќе значи дека ОЈО и натаму ќе може да го користи овој вонреден правен лек за свои предмети и за предмети на СЈО, но и СЈО ќе го има тоа право, само за нивните предмети, односно нема да може да го прави тоа за предмети на ОЈО поради, како што објасни Вангеловски, точно определената надлежност.

Судиите денеска ја продолжија општата седница која започна пред некое време, а беа разгледани 21 точка, но не и случајот за „бомбите“.

Во меѓувреме Врховниот суд ќе го разгледува барањето на Основното јавно обвинителство за заштита на законитоста за притворот на Сеад Кочан кој веќе втор месец е во бегство, а е осомничен во предметот „Труст“ на СЈО.

Претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски на брифинг со новинарите, изјави дека барањето на СЈО за отфрлање на барањето на ОЈО е апсурдно .

За предметот за Сеад Кочан, пак, од Судот соопштија дека судијката Лидија Неделкова е изземена од случајот по барање на одбраната на Кочан и дека барањето ќе го разгледува нов судски состав.

Во однос на прашањето дали нелегално прислушуваните материјали ќе може да се користат како докази во судската постапка, врховните судии сметаат дека им е се потребни дополнителни информации и ќе биде повикан експерт со кој ќе се советуваа, па оваа точна од дневниот ред е одложена не неодредено.