"Потребен е поголем ангажман и посредување во мошне динамичната и експлозивна состојба во Македонија. Никому не му е во интерес да дојде до распад на Македонија", истакнува претседавачот на Комитетот за вооружените сили во Сенатот на САД Џон Мекејн во интервју за српската редакција на Гласот на Америка.
„Загрижен сум за Македонија. Не предвидувам војна или конфликт, но велам дека напнатоста е голема и ситуацијата излегува од контрола, и бара поголем ангажман од САД, но и од ЕУ“, коментира влијателниот републикански сенатор од сојузната држава Аризона.
Запрашан каква треба да биде улогата на САД на Балканот, Мекејн вели е потребен поголем ангажман, со цел Вашингтон да ја потврди поддршката за регионот.
Коментирајќи ја ситуацијата на Балканот, сенаторот Мекејн оценува дека по огромниот напредок по конфликтот во 1990-те, сега повторно растат тензиите и нестабилноста во регионот, а пример за тоа, како што наведува, е кризата во Македонија.
„Веруваме дека тоа е тоа е резултат на изостанувањето на американското и европското лидерство. Учествувавме во решавањето на тамошниот конфликт, имаше многу загубени животи, но во последните години изгледа го напуштивме регионот. Тоа е уште еден пример дека американското лидерство е апсолутно неопходно, вели сенаторот и поранешен кандидат за претседател на САД Џон Мекејн.