Во Франција ново рочиште за Рамуш Харадинај

лидерот на Алијансата за иднина на Косово Рамуш Харадинај на суд во францускиот град Колмар, 06.03.2017.

Апелациониот суд во францускиот град Колмар денеска ќе одржи ново рочиште на кое се очекува конечна одлука за барањето на Србија за израчување на лидерот на Алијансата за иднина на Косово Рамуш Харадинај. Тој беше приведен на 4 јануари во Франција, врз основа на потерницата која против него ја издаде Србија за воени злосторства направени во текот на војната на Косово во 1998 и 1999 година. Харадинај кој од 12 јануари одлуката за екстрадиција ја чека на слобода оцени дека станува збор за политички процес против него.