Врховен не донесе одлука за „бомбите“ и за притворот на Кочан

Зградата на Врховен суд на Република Македонија.

Врховниот суд на денешното продолжение на седницата не донесе одлука за користењето на прислушуваните разговори како докази во судските постапки, како и за притворот за Сеад Кочан. Ново продолжение е закажано за утре во 9 и 30 часот. На седницата се разгледуваат предлозите на претседателот на судот, Јово Вангеловски, кој тврди дека прислушуваните материјали не можат да бидат користени во доказната постапка. Втората точка околу притворот на бизнисменот Сеад Кочан, пак ја поднесе државниот јавен обвинител Марко Зврлевски. Кочан е осомничен во еден од случаите на СЈО.

Од Врховниот суд не ги коментираа информациите во медиумите дека Вангеловски ја отстранил судијката Лидија Неделкова од случаите на СЈО пред Врховниот суд.