Иванов не го дава мандатот и ќе го средува цивилниот сектор

Претседателот на Македонија Ѓорге Иванов

Претседателот Ѓорге Иванов во интервју за унгарската државна телевизија МТВА, последното од низа интервјуа за странски медиуми, ги повтори стоите ставови дека без отстранување на правната и политичката пречка не може да го даде мандатот за состав на влада. Политичкиот проблем, односно тиранската платформа, како што вели тој, е посуштествен. Според него, доколку даде мандат на некого што прифатил платформа на туѓа држава, ќе биде доведена во прашање независноста на државата.

Тој во интервјуто вели дека поради забавување на европеизацијата во регионот, повторно се јавиле големо националистички проекти. Иванов вели дека ЕУ ја испуштила шансата да ги осуди таквите гестови и таквите политики, а тоа, додава тој, не го сториле ниту од НАТО.

Претседателот Иванов понатаму наведува дека палењето на претседателската Народна канцеларија е дело на насилни акции од фондација која го носи името на Сорос. Иванов вели дека невладиниот сектор е област која е премногу либерална и според него на некој начин треба да се регулира.

Иванов со негирањето на новата власт што ја избраа граѓаните и блокадата на демократските процеси директно ги загрозува државните и национални интереси на граѓаните, реагираат од СДСМ во врска со изнесените ставови на претседателот Иванов во интервјуто за унгарската државна телевизија.

Од СДСМ прашуваат за чии интереси претседателот Иванов се обидува да ја суспендира демократијата и да ја одалечува Македонија од евроатлантските интеграции.