Иванов поради обврски нема да се сретне со Хојт Ји

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов.

Претседателот Ѓорѓе Иванов нема да оствари средба со заменик-помошникот државен секретар за Европа и Евроазија во Стејт департментот Хојт Брајан Ји, кој во понеделник на 1 мај ќе ја посети Македонија, потврдуваат од неговиот кабинет за Радио Слободна Европа.

„До Кабинетот на Претседателот на Република Македонија беше упатено барање за средба со заменик-помошникот државен секретар за Европа и Евроазија во Стејт департментот, Хојт Брајан Ји, но со оглед на претходно утврдените обврски на претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, нема можност за реализација на таква средба“ велат од неговиот кабинет.

Хојт Ји е предвидено да одржи средби со политичките претставници во Македонија.