Оливер Андонов и официјално е именуван за вршител на должност директор на јавното претпријатие за управување и заштита на повеќенаменското подрачје Јасен.
Оваа одлука е објавена во Централниот регистар на Република Македонија со вчерашен датум. Во неа во одделот тип на овластување се наведува дека тој има неограничени овластувања во внатрешниот и надворешниот промет.
Информацијата дека Андонов ќе биде новиот директор на Јасен беше објавена пред два дена но тој првично за медиумите изјави дека не знае дали е поставен за директор а дека ќе зборувал од кога ќе добиел документот.
Тој беше еднодневен министер за внатрешни работи при преименувањата во техничката влада.