Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски заедно со тројца членови на Извршниот комитет имаше средба со амбасадорите на Германија, Обединетото Кралство, Шведска и Холандија на која се разговараше за актуелната политичка состојба и за позициите и ставовите на ВМРО-ДПМНЕ во однос на нејзиното надминување, информираат од партијата.
Од страна на ВМРО-ДПМНЕ било посочено дека најдобар начин за излез од политичката криза е спроведување на предвремени парламентарни избори заедно со ликалните. Во однос на дебатата во Парламентот од партијата било истакнато дека тоа што во моментов се случува во Собранието е користење на сите законски и деловнички можности од страна на коалицијата „За подобра Македонија“ за искажување на ставовите и позициите низ парламентарна дебата и дека тоа е начинот на кој ВМРО-ДПМНЕ го изразува револтот од прифаќањето и наметнувањето на тиранската платформа, било посочено на средбата.
На средбата со четворицата амбасадори присуствувале и Никола Попоски, Никола Тодоров и Владимир Ѓорчев како членови на Извршниот комитет на партијата.