Активисти од рускиот град Краснојарск покренаа кампања за петиција против плановите за изградба на руска православна црква во центарот на градот, на брегот на реката Јенисеи. Активистката од Краснојарск Јелена Улјашова за РСЕ денеска изјави дека петицијата наскоро ќе биде доставена до властите во сибирскиот град.
На интернет собрани се повеќе од илјада потписи, а исто толку луѓе се потпишале лично. Активистите велат дека местото предвидено за изградба на црквата е пемногу блиску до областа каде многу жители го поминуваат слободното време. Тие бараат да се одржи референдум за да се најде друго место за црквата.