Николовски: Секој ден е можен избор на собраниски спикер

Архива - Пратеникот на СДСМ Љупчо Николовски.

Секој ден е можен избор на спикер на Собранието, спикерот на Собранието ќе ги распише локалните избори и ќе го отвори патот за избор на нова реформска Влада, изјави денеска пратеникот на СДСМ Љупчо Николовски на новинарски прашања во Собранието на Македонија.

Во однос на најавите за средба меѓу лидерите на СДСМ и ДУИ Зоран Заев и Али Ахмети, Николовски истакна дека и двајцата се пратеници во Собранието и оти како што до денес се среќавале и натаму ќе има средби на претседателите на политичките партии кои го сочинуваат мнозинството во Парламентот, „така што не е чудно секојдневно да има средби помеѓу господинот Али Ахмети и новиот мандатар Зоран Заев“, рече Николовски.