На иницијативата за законски измени со кои треба да им се олесни животот на лицата со посебни потреби досега се потпишале над 6.000 граѓани. За да влезе оваа иницијатива во процедура во Собрание потребни се 10.000 потписи. Денеска во Скопје потписи се собираа во Ресурсниот центар на родители на деца со посебни потреби, во Аеродром, како и во Битола и во Штип.
„И следниот месец на истиот датум ќе кампуваме пред Собрание, бидејќи мора да почне некаков дијалог за нашите проблеми. Се соочуваме со многу административни бариери при остварување на правата на нашите деца“, рече Зоран Мијалков, од Здружението на лица со аутизам „Сплотени срца
Со иницијативата се бара измена на повеќе закони и подзаконски акти, а меѓу главните барања е да се избрише старосната граница од 26 години, по која на овие лица во повеќе закони им се ограничува државаната помош.