СЈО влезе во Телеком

СЈО.Обвинителката Ленче Ристоска.

Тим на Специјалното јавно обвинителство влезе во македонскиот оператор Телеком каде што обвинителите имаа средба со претставници на компанијата.

Средбата доаѓа откако кривичниот суд четири пати одби да издаде налог за претрес на компјутерскиот систем како дел од истрагата за масовното прислушување кое се одвивало од 2008 до 2015 година.

СЈО претходно јавно објави дека се соочува со опструкции од домашниот оператот Телеком за добивање на пристап до податоците кои им се потребни, за истрагите поврзани со масовното прислушување.