Камперите од пред Собранието си ги собираат шаторите

Здружението „Сплотени срца“ на родители на деца со попреченост, постави шатори спроти Собранието на Македонија

Родителите на децата со посебни потреби денеска ги пакуваат шаторите откако според планираното останаа две вечери да кампуваат спроти Собранието со цел да станат видливи нивните проблеми за политичарите. Политичари ги посетија, им изразија поддршка, а дел од нив им ветија дека нивните барања ќе бидат исполнети.

Станува збор за два пакета барања за измени во законите, првиот е за измени кои е неопходно да се донесат во првите 6 месеци, додека другиот пакет измени е да се носи во следните три години. Министерот за труд и социјална политика пред медиумите изјави дека барањата за министерството се прифатливи, но немаше одговор зошто до сега тие не се спроведени.

Демонстрантите собираат и 10 илјади потписи за да иницираат измени на закони со цел да се отворат дневни центри и да се вработи соодветен персонал.

Собирот е организиран од невладината организација„ Сплотени срца“ и оттаму најавуваат дека секој месец по три дена ќе кампуваат пред Собранието се до ипослнување на нивните барања.