„Не знам, ама мислам дека ни тие не знаат“ за што дебатираат во Собранието

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Иако дебатата за избор на претседател, заменик на претседател, членови и заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието трае речиси еден месец, мал дел од граѓаните знаат всушност за што расправаат пратениците. Повеќето од оние кои ги прашавме дали знаат која точка е на дневен ред на седницата и велат дека не знаат, затоа што не ги интересира. Тие пак кои што велат дека се информирани, погрешно одговорија.