И денешното продолжение на конститутивната собраниска седница, петнаесетто по ред, е во знакот на реплики од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, на говори на нивни пратеници.
ВМРО-ДПМНЕ и денеска побараа од пратениците од СДСМ да се откажат од т.н. тиранска платформа, го повторија ставот за брзи избори и им дадоа поддршка на граѓаните кои денеска по 53. пат ќе протестираат.
До претседавачот со седницата Трајко Вељаноски за начинот на водење на седницата повторно реагираа пратениците од СДСМ.
Вељаноски рече дека тој мора да работи во согласност со Деловникот за работа на Собранието, но ги повика пратениците да се откажат од репликите и контрарепликите за побргу да се изгласа Комисијата.
Седницата ќе продолжи по редовната пауза од еден час.