СЈО поднело обвинение за случајот „Транспортер“

Архива - Прес-конференција на Специјалното јавно обвинителство.

Обвинителен акт за случајот „Транспортер“ поднело Специјалното јавно обвинителство (СЈО), во кој првоосомничен и сега првообвинет е актуелниот градоначалник на Битола Владимир Талески, пренесуваат медиумите повикувајќи се на извори од СЈО. Специјалното обвинителство го товари Талески за злоупотреба со превоз на ученици во Битола во вредност од 360 илјади евра. Случајот беше отворен на 14 април минатата година, а покрај Талески осомничени се уште 22 лица.