ВМРО-ДПМНЕ ја демантира изјавата на албанскиот премиер Рама

Архива - Седиштето на ВМРО ДПМНЕ.

Целосна невистина е дека ВМРО-ДПМНЕ ја прифатило тиранската платформа, вистината е дека ВМРО-ДПМНЕ ниту некогаш преговараше, ниту се согласи со тиранската платформа, соопшти ВМРО-ДПМНЕ демантирајќи ја изјавата на премиерот на Албанија Еди Рама дека партијата целосно ја прифатила тиранската платформа.

Партијата во демантот наведува дека го осудува континуираното мешање на Рама во внатрешните работи на Македонија и како што велат оттаму тој „со пласирање на ваквите лаги сака да ја релативизира опасноста од тиранската платформа и сака да отвори простор неговиот истомисленик Зоран Заев да ја реализира што поскоро.“