ММФ - Македонската економија со раст од 3,2 отсто во 2017 година

Вашингтон - Лого на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

Македонската економија годинава ќе има раст од 3,2 отсто, а следната 3,4 проценти, предвидува Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во својата најнова прогноза. Според податоците до 2022 година растот на македонскиот БДП се очекува да се движи до 3,8 отсто. Во регионот највисок економски раст годинава ќе забележи Албанија 3,7 проценти, а најнизок Бугарија и Хрватска со 2,9 отсто.