Копретседавачот на институтот Европски совет за надворешни работи и поранешен министер за надворешни работи на Шведска Карл Билт, денеска по средбата со партиските претставници во СДСМ порача дека постои Устав кој треба да се почитува.
„Демократија. Устав. Европа. Почитувањето на овие три работи ќе ја однесат Македонија напред. Тоа беше мојот одговор на прашањата од новинарите во Скопје“, напиша на својот твитер-профил Билт.
Во изјавата за медиумите пред седиштето на СДСМ тој рече дека дошол во извидничка мисија со паневропската невладина организација. По средбата во СДСМ, Билт замина во Мала Речица на средба со ДУИ, а потоа продолжува на средби со претставници на ВМРО-ДПМНЕ и БЕСА. Засега не е предвидена средба на Билт со претседателот Ѓорге Иванов.