Русија стави вето на резолуцијата за Сирија

Советот за безбедност на ОН

Русија стави вето на предлог резолуцијата во Советот за безбедност на ОН со која се осудува употребата на хемиско оружје во Сирија и побара брза истрага. Ова е осми пат Русија да вложува вето во Советот за безбедност како заштита на својот сојузник. Кина која стави вето на шест резолуции за Сирија овој пат се воздржа од гласање, заедно со Етиопија и Казахстан. Освен Русија, против гласаше и Боливија. Шефот на британската дипломатија Борис Џонсон во врска со руското вето оцени дека „Русија избрала погрешна страна“.