Комисија на УНЕСКО денеска започна со мониторинг во Охрид, со цел да увидат дали се спроведуваат нивните препораки. Главен интерес на експертите е дали одередени проекти негативно влијаат врз животната средина и културното наследство. Директорот на Националниот парк Галичица Зоран Вељановски по состанокот со тричлената комисија на УНЕСКО изјави дека сите забелешки на мониторинг- мисијата на УНЕСКО ќе бидат внесени во Планот за управување со Националниот парк.
Експертите на УНЕСКО утре ќе имаат средба со раководството на охридскиот Завод и Музеј, при што ќе посетат неколку споменици на културата, а посебно внимание ќе му посветат на комплексот Плаошник каде се возобнувува Светиклиментовиот универзитет. Според нивната агенда тие ќе се сретнат и со охридскиот градоначалник и со претставници на невладини организации