Тимоти Мек Гваер во посета на Македонија

Заменик командантот на Копнените сили на САД за Европа, генерал мајор Тимоти Мек Гваер престојува во официјална посета на Македонија и на Армијата на Република Македонија на покана на началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски. За време на посетата, генерал-мајор Мек Гваер ќе се сретне со министерот за одбрана Зоран Јоевски и со неговиот домаќин генерал-потполковник Величковски. Тема на разговорите за време на работната посета во ГШ ќе бидат досегашното учество на заеднички вежби и обука помеѓу АРМ и претставници на Копнените сили на САД за Европа, како и учество на АРМ на меѓународните вежби поддржани од Копнените сили на САД за Европа во 2017 година.