Во пукањето во едно основно училиште во Калифорнија загинаа три лица, додека едно било рането, соопшти полицијата. Се прецизира дека инцидентот се случил во училница во школо во Сан Бернардино во близина на Лос Анџелес. Меѓу убиените биле една учителка и напаѓачот. Полицијата верува дека тие се знаеле од претходно. Едно од повредените деца потоа починало во болница. Во Сан Бернардино во 2015 година се случи масовно убиство извршено од еден брачен пар, инспириран од милитантите на ИД,при што беа убиени 14 луѓе, додека над 20 беа ранети.