Српскиот премиер Александар Вучиќ и американскиот сенатор Џон МекКејн вчера во Белград разговарале за состојбата во регионот. На прес конференцијата по завршувањето на нивната средба, Вучиќ изјавил дека решавањето на проблемот во Македонија е од клучно значење за регионот. Тој притоа додал дека се надева оти со почитување на македонските закони проблемот ќе биде решен на мирен начин. „Тоа за нас е од огромно значење. Ако имаме незадоволни Албанци од состојбата во Македонија може проблемот од таму да се пренесе кај нас и да имаме проблеми на југот на Србија. Доколку, пак, дојде до меѓумакедонски судир, што никој не го посакува, би предизвикал тешки последици за сите нас“, потенцирал Вучиќ. На разговорите со сенаторот Меккејн била постигната согласност за изведување шест или седум заеднички воени и полициски вежби. „Заедничките вежби се важнби за да покажат дека балканските земји се подготвени да се справат со милитантите кои се враќаат од Блискиот Исток“, изјави Меккејн.