Мекејн во посета на Балканот

Американскиот сенатор и претседател на Комисијата на Сенатот за вооружени служби Џон Мекејн

Американскиот сенатор и претседател на Комисијата на Сенатот за вооружени служби Џон Мекејн престојува во посета на Балканот од 7 до 15 ти април. Мекејн ќе се сретне со лидери и претставници на САД во Словенија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово и Албанија. За време на посетата, сенаторот Мекејн ќе ја потврди посветеноста на Конгресот на САД кон своите сојузници и партнери, а во фокусот на разговорите се темите од важност за регионот.