Груевски-со новата администрација во Вашингтон имаме блиски односи

Архивска фотографија-Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски се обрати на собраните граѓани пред ДИК

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во интервју за српскиот весник Блиц на прашањето дали во случај на криза во албанско-македонските односни би можело да дојде до поттикнување на немири на Балканот вели дека ова е специфично подрачје и дека тука се преклопуваат многу регионални, но и глобални интереси.

“За жал, фрлената искра во една земја може да запали оган и во останатите. Гледаме дека има големи тензии во повеќе земји во регионот. Би било наивно да се исклучи било какво сценарио, но на нас е да не дозволиме оваа ситуација да ескалира”, вели Груевски.

Тој на прашањето дали има симпатии кон Русија вели дека за тоа требало да се праша официјална Москва. ВМРО-ДПМНЕ е прозападно ориентирана партија и еден од нашите стратешки приоритети е членството во ЕУ и НАТО, додава Груевски.

Јас не сум човек кој верува и игра на картата на странска помош или мешање на странски сили во внатрешните работи на Република Македонија , вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ на прашањето дали смета дека американскиот претседател Доналд Трамп ќе го попушти притисокот на САД.

“Со новата администрација во Вашингтон имаме блиски односи, тоа е се што можам да кажам” вели Груевски во интервјуто за српскиот весник.