Британија ја обвини Русија за нападот во Сирија

Британскиот секретар за одбрана Мајкл Фалон

Британскиот секретар за одбрана Мајкл Фалон ја обвини Русија за “секоја цивилна жртва” во минатонеделниот “варварски” хемиски напад во сирискиот град во кој загинаа десетици мажи, жени и деца. Во текстот во Сандеј Тајмс тој пишува дека Кремљ бил посредно одговорен како принципиелен поддржувач на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад. Ваквиот став следува откако британскиот секретар за надворешни работи Борис Џонсон вчера ја откажа посетата на Москва закажана за 10 април поради развојот на настаните во Сирија. Фалон го опиша нападот со хемиско оружје како злосторство што се случило под набљудување на Русија.