За Груевски најдобро решение за кризата се брзи избори

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски изјави денеска дека неговата партија и народот нема да дозволат спроведување на тиранска платформа, преуредување на државата и крајната цел промена на името, според, како што рече, сценариото што го спроведува СДСМ со албанските партии.

Тој порача и народот да биде подготвен на подолгорочен отпор за справување со таквото сценарио и дека преку демократски дијалог во Парламентот може да се најде решение. Најдобро можно решение, нагласува Груевски, се брзи избори.