Шведската полиција соопшти денеска дека камион влетал во толпа луѓе во главниот град на земјата, Стокхолм. Шведските медиуми јавија дека три лица загинале, а се уште не се знае колку точно се повредени. Инцидентот, според полицијата, се случил кога камион удрил во стоковна куќа лоцирана во близина на прометна пешачка зона.
Полицијата го истражува местото на инцидентот, за кој се уште не се знае причината. Во изминатиот период во Европа имаше неколку терористички напади кои беа спроведени на сличен начин и за кои одговорност презема милитантната група Исламска држава.