Во Белград продолжуваат протестите против Вучиќ
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Илјадници демонстранти, главно студенти и синоќа излегоа во Белград да протестираат против големата победа на премиерот Александар Вучиќ на претседателските избори што се одржаа на 2 април. Тие повторно се собраа пред зградата на српскиот парламент, обвинувајќи го Вучиќ за изборен грабеж.