Европарламентарците со критики до Иванов и ВМРО ДПМНЕ

Иво Вајгл, известувач за Македонија во Европскиот парламент

Европарламентарците на синоќешната сесија во Стразбур на која се расправаше за извештајот за Македонија подготвен од известувачот Иво Вајгл побараа од претседателот Ѓорге Иванов да престане да го блокира формирањето на новата влада, а ВМРО-ДПМНЕ да се однесува одговорно. За време на расправата европратениците ја оценија ситуацијата во земјата како многу сериозна и ја загрозува европската перспектива на Македонија. „Парламентот не може да биде формиран поради систематските опструкции на ВМРО-ДПМНЕ и однесувањето на претседателот Ѓорге Иванов. Неговото однесување беше критикувано од ЕУ, САД и НАТО. Позицијата на Иванов само ја открива неговата партизираност“, рече известувачот Вајгл во воведното обраќање. Тој им се обрати и на соседите што се мешаат во внатрешните работи на Македонија во време кога состојбата во неа е проблематична и комплицирана.