Ердоган ќе продолжи да ги нарекува европските држави „нацистички потомци и фашисти“

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска вети дека ќе продолжи европските држави да ги нарекува „нацистички потомци и фашисти“, доколу тие продолжат со „сегашниот однос кон Турција“, пренесоа британските медиуми.

„Тие на моите министри не им дозволуваат да држат говори во Европа (...) Откако ќе заврши референдумот, на 16 април, ние ќе го земеме тоа предвид, се си има своја цена“, изјави Ердоган во градот Зонгулдак, на митинг од неговата кампања за референдумот за уставни измени.

Во рамки на оваа кампања, Ердоган веќе неколку пати се нафрли врз европските држави, меѓу кои и Германија, обвинувајќи ги за тактики од „нацизмот“, пред се, поради забраните кои им беа наметнатина турските министри да зборуваат на митинзи пред турските гласачи во странство, забележуваат британските медиуми.