Повторно се одложи судското рочиште за предметот „Поткуп“ во кој е обвинет лидерот на СДСМ Зоран Заев. Овој пат причината за одложување рочиштето на кое требаше да се изведат воведните зборови и од одбраната и од обвинителството, беше барањето на одбраната да ги добијат доказите.
Според решението на Судот, одбраната ќе има повторно право на увид и фотокопија од потребните докази за да може да подготви стратегија на одбрана.
Следната судска расправа за овој предмет е закажана за 4 мај годинава.
Заев во овој предмет е осомничен за злоупотреба на службена должност и поткуп во вредност од 160 илјади евра. ОЈО ја стартуваше истрагата во период кога опозициската СДСМ започна со објавувањето на таканаречените бомби.