Портпаролот на СДСМ Петре Шилегов денеска изјави дека ќе има нова влада, која согласно програмата ќе спроведе темелни реформи во судството и во обвинителството и ќе обезбеди независен судски систем и правда за сите.
„Новата реформска влада, веднаш по изборот ќе предложи продолжување на рокот во кој Специјалното јавно обвинителство може да покренува обвиненија, за расчистување на скандалот со прислушувањето и понатамошна борба против корупција, криминал, злоупотреби на власта“, рече Шилегов.
Според него, ќе бидат донесени и измените на Законот за заштита на сведоци кои ги побара СЈО. Тој уште еднаш укажа дека ќе се избере претседател на Собранието со што ќе отвори пат за брз избор на новата влада.