МВР приведе две момчиња кои го симнале државното знаме во Куманово

Министерството за внатрешни работи вечерва соопшти дека се приведени две момчиња, од кои едното малолетно, кои го симнала државното знаме од јарболот на плоштадот во Куманово и поставиле албанско знаме.

Полицајци забележале како момчиња го симнуваат знамето и во обид да ги легитимираат лицата, полицајците биле нападнати при што им биле нанесени телесни повреди, велат од МВР. Потоа две мочињата побегнале, а полицијата успела да ги приведе останатите двајца.