Србите се вратија во косовските институции

Косовскиот парламент

Политичките претставници на Србите официјално се вратија во косовските институции, по пауза од шест месеци.

Српските претставници ја бојкотираа работата на косовскиот Парламент од октомври 2016 година, поради спротивставувањето на Законот за Трепча, кој беше усвоен без поддршка од српските пратеници.

Според претставникот на Српската листа, Славко Симиќ, српските пратеници се вратија во Парламентот, пред сè да ја искористат можноста да спречат формирање на косовска армија и да ги ускратат изговорите за неосновање на Заедница на српски општини.

Тој, на прашањето дали одлуката за враќање на пратениците во Парламентот е донесена во договор со Белград, посочи дека тоа е во интерес на српскиот народ во Косово и оти се надева дека Владата на Србија ќе покаже разбирање за таквата политичка одлука.